Европската статистичка агенција Евростат објави податоци за 2025 година за тоа колку граѓани, главно млади луѓе, во европските земји користеле алатки за вештачка интелигенција (ВИ). Евростат објави и податоци за земјите што не се дел од Европската Унија, а ова особено се однесува на земјите од Западен Балкан.
Според овие информации, 45,4 проценти од младите на возраст од 16 до 24 години во Северна Македонија користат алатки за вештачка интелигенција, што е под европскиот просек од 63,8 проценти, објавува Телеграф Македонија.
Меѓу земјите во нашиот регион, вештачката интелигенција ја користат 65,4 проценти од младите во Босна и Херцеговина, 58,2 проценти во Хрватска, 50 проценти во Бугарија и 47 проценти во Србија.
Европскиот просек од 63,8 проценти е речиси двојно поголем од уделот на луѓето во општата популација кои ги користеле овие алатки (32,7 проценти од оние на возраст од 16 до 74 години).
Младите луѓе ја воведуваат употребата на генеративна вештачка интелигенција во различни области од животот. Употребата на вештачка интелигенција за приватни цели беше почеста кај младите (44,2%) отколку кај општата популација (25,1%).
The post Евростат: 45,4% од младите во Македонија користат вештачка интелигенција appeared first on Во Центар.



