Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, беше една од целите на израелско-американскиот напад, а сега е објавена сателитска снимка од неговиот комплекс што беше погоден. Иранските власти негираа дека ајатолахот е убиен и беше објавено обраќање, но светот сè уште шпекулира за неговата смрт.
Агенцијата АП и иранската државна телевизија претходно објавија дека во Техеран одекнале експлозии, од кои едната била во непосредна близина на канцеларијата на ајатолахот.
Прво, беа објавени фотографии на кои се гледа црн чад како се издига од комплексот на иранскиот врховен лидер во Техеран.
Сега „Ербас“ сними сателитска снимка што ги покажува последиците од ударот. Фотографијата направена од „Ербас“ покажува повеќе објекти во рамките на обезбедениот комплекс, кои изгледаат како да се сериозно оштетени или уништени.
Со оглед на тоа што не е познато дали ајатолахот бил во комплексот во времето на нападот и дали зградата во која се наоѓа била погодена, медиумите ширум светот почнаа да шпекулираат за неговата смрт, а и Канал 12 објави дека тој „веројатно е убиен“.
Израелските власти дури тврдеа дека ќе објават видео од Хамнеи, меѓутоа, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, за Канал 12 изјави дека ајатолахот е жив, наведувајќи „колку што ми е познато“.
Иранскиот медиум „Ал-Алам“ потоа објави дека ајатолахот наскоро ќе се обрати.
Исто така, постојат шпекулации за смртта на други високи функционери во Иран, а Ројтерс објави дека од два извори е потврдено дека иранскиот министер за одбрана Амир Насирзаде и командантот на Револуционерната гарда Мохамед Пакпур се убиени.
The post Иранските медиуми го објавија обраќањето на ајатолахот, додека светот шпекулира дека е мртов, се сомнева дека министерот за одбрана е убиен appeared first on Во Центар.



