Исламската гарда го затвори Ормутскиот теснец? Прекинувањето на оваа клучна нафтена артерија би предизвикало сериозни проблеми за светот

Официјален претставник на поморската мисија на Европската Унија „Аспајдес“ изјави дека бродовите добиле пораки преку VHF радио сигнали од Иранската револуционерна гарда во кои се наведува дека „ниту еден брод нема дозвола да помине низ Ормутскиот теснец“.

Службеникот, кој разговараше со Ројтерс под услов да остане анонимен, рече дека Иран формално не ја потврдил таквата наредба.

Британската агенција за поморски трговски операции потврди дека добиле и повеќекратни извештаи од бродови што работат во Заливот, во кои се наведува дека добиле пораки за затворање на Ормутскиот теснец. Сепак, британската агенција наведува дека не може независно да ги потврди информациите.

Овој теснец е најважниот светски пат за извоз на нафта, кој ги поврзува најголемите производители на нафта во Заливот, како што се Саудиска Арабија, Иран, Ирак и Обединетите Арапски Емирати, со Оманскиот Залив и Арапското Море.

Техеран со години се заканува дека ќе го блокира овој тесен воден пат како одмазда во случај на напад врз Исламската Република.

Протокот, широк 33 километри, е единствениот пат кон отворениот океан за над една шестина од глобалното производство на нафта и една третина од светскиот течен природен гас.

Неговата важност може да се опише со фактот дека преку овој теснец поминуваат околу 20 милиони барели или, со други зборови, 20 проценти од дневната потрошувачка на нафта во светот.

Доколку теснецот биде затворен, поради прекин на извозот, неизбежно би дошло до зголемување на цените на нафтата во светот.
The post Исламската гарда го затвори Ормутскиот теснец? Прекинувањето на оваа клучна нафтена артерија би предизвикало сериозни проблеми за светот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: