ГЕРМАНИЈА НЕМОЌНА ВО СООЧУВАЊЕ СО ОВОЈ ПРОБЛЕМ: Околу 30.000 туристи заглавени на Блискиот Исток, не можат да се вратат дома поради нов конфликт

Околу 30.000 германски туристи моментално се заглавени на Блискиот Исток поради нов конфликт меѓу Америка, Израел и Иран.

Околу 30.000 германски туристи моментално се заглавени на крстосувачки бродови, во хотели или на затворени аеродроми на Блискиот Исток и не можат да се вратат дома поради конфликтот.

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави доцна во неделата дека воена евакуација во моментов не е можна поради затворениот воздушен простор.

Тој рече дека владата разгледува други опции за да им помогне на своите граѓани да се вратат дома и дека сите треба да ги следат советите на германските туристички агенции и локалните власти.

Германската туристичка асоцијација ги повика туристите „итно да останат во резервираните хотели“ и „да не патуваат сами до аеродромот или во соседна земја“.
The post ГЕРМАНИЈА НЕМОЌНА ВО СООЧУВАЊЕ СО ОВОЈ ПРОБЛЕМ: Околу 30.000 туристи заглавени на Блискиот Исток, не можат да се вратат дома поради нов конфликт appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: