Златото денес се тргува по 143 евра за грам

Цената на златото денес бележи стабилно движење на светските пазари, додека инвеститорите внимателно ги следат економските показатели и сигналите од водечките централни банки. Благородниот метал денес се се тргува околу 4.451 евро една унца (31,1 грам), со умерени дневни осцилации. Еден грам злато денес се продава по 143 евра.

Аналитичарите посочуваат дека златото и понатаму има силна побарувачка како сигурно инвестициско засолниште, особено во период на економска неизвесност и геополитички тензии. Покрај индивидуалните инвеститори, значителен фактор на пазарот останува и купувањето од страна на централните банки, кои во последните години ги зголемуваат своите златни резерви. Движењето на цената на златото во голема мера е поврзано со монетарната политика на централните банки и вредноста на американскиот долар. Во услови кога каматните стапки се високи, интересот за злато обично е поумерен, додека евентуалното намалување на стапките може да ја поттикне побарувачката за благородниот метал.

Пазарните учесници во наредниот период внимателно ќе ги следат економските податоци од САД и Европа, како и сигналите за идните одлуки на централните банки.

Експертите нагласуваат дека златото традиционално се смета за заштита од инфлација и финансиска нестабилност, поради што секоја поголема промена во глобалната економија или геополитичките односи може да има директно влијание врз неговата цена. Според пазарните очекувања, доколку неизвесноста на глобалните пазари продолжи и во наредните месеци, златото би можело да ја задржи својата стабилна позиција како еден од најбараните инвестициски инструменти.

Пронајдете не на следниве мрежи: