ОД ДЕЧКОТО КРИЕЛА ДЕКА БИЛ МАЖ, ПАДНАЛ ВО НЕСВЕСТ КОГА ДОЗНАЛ! Николина ужива по промената на полот

Николина ужива во животот на висока страна и редовно споделува моменти од ноќниот живот на Инстаграм. Сега таа ја покажа облеката за излегување во Милано и доби лавина од коментари.

Инфлуенсерката Николина Ковачевиќ отворено зборуваше за промената на полот и тешкотиите со кои се соочила како трансродова личност. Денес таа живее во странство, а моментално престојува во Милано, од каде што сподели фотографии кои добија многу реакции.

Николина ужива во животот на висока страна и редовно споделува моменти од ноќниот живот на Инстаграм. Сега таа ја покажа облеката за излегување во Милано и доби лавина од коментари.

Таа се одлучи за црни панталони и јакна со циркони, под кои не носеше градник, а силиконите беа во преден план. Нејзините објави секогаш се многу коментирани, а повеќето од нејзините следбеници пишуваат дека никогаш не би претпоставиле дека таа некогаш била маж.

Дури и нејзиното поранешно момче не се сомневаше дека неговата избраничка го смемехила полот, а кога ја дозна вистината – се онесвести.

– Моето момче, кое беше Италијанец, побара на Google за мене и најде моја слика од порано, кога бев маж. Се исплаши, се онесвести мислам и не ми се јави цел ден. Не сакаше да ми каже дека знае три, четири месеци. Потоа ме одведе на вечера и ми рече дека морам да му признаам што кријам. Ми испрати и цвеќе, а на вечерата ме замоли да му признаам сè, не сакав ништо да кажам. И во еден момент ми рече: „Не си родена таква“ – раскажа во една пригода Николина, која подоцна беше со фудбалерите.

Нормално и е што е спонзоруша

Нејзините изјави често ја шокираат јавноста, а тоа беше случај и кога рече дека е спонзоруша.

– Можам да кажам дека сум спонзоруша, мислам дека тоа е нормално. Ако можев да поминам низ сè во мојот живот, заслужувам интелигентен човек покрај мене, ако затоа сум спонзоруша, сум – рече тогаш таа.

The post ОД ДЕЧКОТО КРИЕЛА ДЕКА БИЛ МАЖ, ПАДНАЛ ВО НЕСВЕСТ КОГА ДОЗНАЛ! Николина ужива по промената на полот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: