МНР: Граѓаните од Македонија во Израел ќе бидат евакуирани денес

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека до денес, во рамките на процесот на евакуација, во Амбасадата на Македонија во Абу Даби се регистрирани 505 државјани на Македонија, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати. Дополнително, регистрирани се 31 лице од Кувајт и 14 лица од Бахреин. Во Доха, до денес, регистрирани се 141 државјанин на Република Македонија.

„Се очекува лицата кои изразиле желба да бидат евакуирани од Израел да летаат за Скопјe со владин авион во попладневните часови. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побарале евакуација од Израел. Во наредните денови се очекува враќање на граѓаните од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е планирано враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија“, информира Министерството за надворешни работи.

Процесот на евакуација се спроведува според веќе изготвен план, во согласност со безбедносните услови и во координација со надлежните институции, велат од МНР.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш ги повикува сите граѓани на Македонија кои сè уште не контактирале со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а на кои им е потребна помош, тоа да го сторат што е можно поскоро преку дежурните телефонски броеви на дипломатско-конзуларните претставништва или преку СОС бројот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија“, соопшти МНР.

The post МНР: Граѓаните од Македонија во Израел ќе бидат евакуирани денес appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: