Во 01:10 по полноќ, на улицата „Јадранска Магистрала“ е уапсен 22 годишник од Скопје, во чие возило биле најдени голема количина производи без документација, соопшти МВР
„На 07.04.2026 околу 01:10 часот на ул. „Јадранска Магистрала“ во Скопје, полициски службеници од ПО Мирковци го лишија од слобода А.И.(22) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по чл.278 од КЗ. При преглед на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се голема количина производи без документација“, велат од полицијата.
По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



