Четиринаесет милиони Иранци се подготвени да ја бранат земјата, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
„Повеќе од 14 милиони храбри Иранци изразија подготвеност да ги дадат своите животи за да го одбранат Иран во овој момент. Јас исто така се жртвував, се жртвувам и ќе се жртвувам“, напиша Пезешкијан на мрежата X.
Кампања за регрутирање волонтери беше започната порано во Иран како одговор на најавата за копнена операција на САД.
Претходно Иран соопшти дека ќе наплаќа за секој брод кој ќе помине преку Ормутскиот теснец.
Трамп повторно се закани дека ќе ја бомбардира државата до камено доба доколку не ги прифатат условите кои ги предлага САД, а рокот за прифаќање истекува за неколку часа.



