Од денеска редици, за нас, на границите со Шенген-зоната

  Системот за влез во Европската унија (EES – Entry/Exit System) од денеска треба да стане целосно оперативен и да ги регистрира сите странски државјани што ќе ги преминуваат надворешните граница на ЕУ преку кој било копнен премин, пристаниште или аеродром.

Со системот што почна да се применува делумно од 12 октомври лани, на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните што патуваат за краткорочен престој, а се од држави што не се членки на ЕУ.
Денеска започнува примената на новиот систем ЕЕС, што значително ќе го промени начинот на преминување на границите кон Шенген-зоната. Патниците ќе мора да поминат низ дополнителни проверки, вклучително и биометриска идентификација, што ќе го продолжи времето на чекање. Особено погодени ќе бидат граѓаните што ќе патуваат во текот на велигденските празници кон Грција, каде што се очекува зголемен метеж. Иако Европската комисија најави можност за привремена суспензија на системот при голем метеж, надлежните апелираат за трпение и подготвеност за новите процедури
Со денешното целосно воведување на ЕЕС системот, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија). Целта е побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој во согласност со правилото 90 дена во период од 180 дена, со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.
Според Министерството за внатрешни работи, од страна на Граничната полиција на нашата држава  преземени се сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.
– Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, континуирано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот, информираа од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: