Велигденски ценовен шок, наместо полна празнична трпеза, се купува колку за проба

Велигденската трпеза се цени до плафон. На пазарите раздвижено, но торбите полу празни. Граѓаните минуваа низ тезгите. Купуваа по нешто, но некои и само разгледуваа. И годинава наместо богат празничен ручек, велат се купува колку за проба, анализира Telma 

Јагнешкото месо достигнува цена и до 700 денари за килограм, но поскапеа и другите производи. Зборувајќи за скапотијата велат –  мерки требало да се донесат пред Велигден, за да може секој да купи се што треба,  затоа што секој паричник не тежи исто. Други за да ја наполнат трпезата пазарат во помалите градови каде велат е поевтино. Но има и такви кои се во надеж дека ќе има поевтинување откако ќе помине Велигден.
ПА така непосредно пред Велигден поскапеа јајцата, но нова повисока цена доби и зејтинот. Доматите и пиперките пак се производите за кои периодов најмногу се зборува периодов,  односно нивната висока цена која надминува 200 денари за килограм, а некаде се продаваат и поскапо.
Ваквите поместувања на цените, повторно ја забрзаа и инфлацијата. Иако, од почетокот на годинава почна да се намалува, во март статистика измери речиси 5 отсто инфлација во споредба со истиот месец лани.
Поскапување се забележува кај речиси сите производи, но најголемо е кај овошјето.

Предупредувањата на познавачите се дека ако нема решение на Блискиот исток,  ситуацијата ќе биде многу полоша. И премиерот Мицкоски пред неколку дена за прв пат кажа дека пред нас е тешка година. Но,  за прехранбените производи можни мерки најави по празникот. Во игра се неколку опции, укинување на ДДВ за одредени производи и замрзнување на маржи. Но, дали и со што точно ќе се делува допрва ќе се одлучува.

Пронајдете не на следниве мрежи: