четврток, 12 ноември 2026
Најново

Велигденските празници поминаа, се очекуваат мерки за храната

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека по Велигденските празници ќе се носат мерки за храната, денеска се очекува тоа да се случи на владина седница.
Државниот завод за статистика пресмета инфлација од 4,9 проценти во март, а најголем скок има кај храната и пијалоците.
Минатата недела, премиерот Мицкоски изјави дека мерките ќе бидат таргетирани и комбинирани.
– Следните мерки на Владата ќе бидат потергетирани и ќе се однесуваат на одредени групи на граѓани и на одредени производи главно основни прехранбени производи. Тие ќе бидат комбинирани со намалување на ДДВ-то и со ограничување на профитната маржа, изјави Мицкоски на 7 април.

Рече дека Владата е внимателна во носењето на мерките затоа што не се знае колку ќе трае кризата на Блискиот Исток.
Како резултат на кризата и растот на горивата, Владата донесе мерки за намалување на ДДВ-то за горива и намалување на акцизите.
Поради Велигденските празници, денеска се очекува со одлука за нови цени да излезе и Регулаторната комисија за енергетика.

Поврзани вести