четврток, 12 ноември 2026
Најново

Екс претседателката на ДКСК не се чуствува виновна за обвиненијата за кои се сомничи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешната претседателка на Антикоруциската комисија Татјана Димитровска денеска во судница се изјасни дека не е виновна за делата за кои се сомничи. Димитровска е обвинета дека како претседателката на Антокорупциската комисија му оддала службена тајна на директорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во случајот „Адитив“. Покрај ова Димитровска се сомничи и дека на ревизорот Миле Столевски му ги дала логовите за да полага во нејзино име за сертификат за класифицирани информации.
– Ја разбирам содржината на обвинението и не ги признавам делата. Не се чувствувам виновна и мислам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета, рече Димитровска.
Таа даде оставка од функцијата откако Обвинителството поднесе обвинение против неа за оддавање службена тајна.
Според обвинението, Димитровска, му давала на Стојановиќ доверливи податоци за поведени постапки, отворање предмети против правни и физички лица, службени белешки, како и информации за проверка на имотната состојба на обвинетиот и неговото семејство.

Поврзани вести