четврток, 12 ноември 2026
Најново

Нови цени на горивата: Дизелот намален за 2,5 денари, бензините за 1,5

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 проценти, во однос на претходната одлука од 6 април.

Според новата пресметка, од ноќеска на полноќ, односно од 00:01 часот, ќе важат нови пониски цени на горивата. Еуросупер БС-95 ќе се продава по 82 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 84 денари за литар. Цената на Еуродизелот ќе изнесува 95,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 96,5 денари за литар. Цената на мазутот е утврдена на 49,227 денари за килограм.
Со новата одлука, бензините поевтинуваат за 1,5 денар по литар, дизелот за 2,5 денари, екстра лесното масло за 3,5 денари, додека мазутот се намалува за 2,084 денари по килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светските пазари бележат пад кај сите деривати, при што најголемо намалување има кај мазутот. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот бележи благо намалување, што исто така влијае врз конечната пресметка.

Поврзани вести