На вчерашниот фудбалски натпревар во Првата лига на Северна Македонија помеѓу Башкими и Струга Трим Лум се случи инцидент, по што имаше и апсења.
Според МВР, било пријавено дека сопственикот на Башкими имал вербална расправија со лице од гостинскиот тим. Потоа, оштетен е и автобусот на Струга Трим Лум.
„На 19.04.2026 година, во Полициската станица Куманово е пријавено дека во 16:50 часот на стадионот „Башкими“ во Куманово, по завршувањето на фудбалскиот натпревар помеѓу клубовите „Башкими“ од Куманово и „Струга Трим Лум“ од Струга, се случил судир помеѓу Б.Х. (39) од Куманово, сопственик на фудбалскиот клуб „Башкими“, и лице од гостинскиот тим од Струга. Подоцна, на паркингот, неколку лица со употреба на остри алатки го оштетиле паркираниот автобус, сопственост на приватна компанија од Струга, кој превезувал струшки играчи. Во врска со случајот, во 20:20 часот, полициски службеници од Полициската станица Куманово го лишиле Б.Х. (39) од слобода. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот, по што ќе следи соодветна пријава“, се вели во соопштението на МВР.
The post Инцидент по натпреварот Башкими – Струга! МВР: Приведен е сопственикот на еден клуб, а оштетен е и автобус appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



