Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип: Неколку вработени побарале лекарска помош

Неколку вработени во фирма што се наоѓа во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип синоќа пријавиле здравствени тегоби кои упатуваат на можно труење со храна. Според првичните информации, повеќе од пет лица почувствувале симптоми како мачнина, повраќање и стомачни проблеми по консумирање на оброкот обезбеден на работното место, дознава М Нет телевизија.

Двајца од вработените поради влошената здравствена состојба побарале медицинска помош и примиле инфузија, додека останатите имале полесни симптоми.

Неофицијално, храната за вработените ја доставувала фирма од Кочани, а надлежните институции се очекува да ги утврдат причините за настанот и дали навистина станува збор за труење со храна.

Одговорните служби се очекува да извршат проверки и, доколку е потребно, да бидат земени примероци за лабораториска анализа со цел да се утврди изворот на здравствените проблеми.

Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден по официјалните проверки и извештаи од надлежните институции.
The post Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип: Неколку вработени побарале лекарска помош appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: