Антонио Коста во посета на Скопje, ќе се сретне со премиерот Мицкоски

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, попладнево ќе ја посети земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски.

Владината прес-служба информира дека премиерот Мицкоски ќе има средба еден на еден со Коста, по што ќе следи средба меѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Потоа Мицкоски и Коста ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.

Претседателот на Европскиот совет од вчера започна посети на Западен Балкан, за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседател на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора на 5 јуни.

Претседателот Коста ќе разговара за можностите и предизвиците поврзани со проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

„Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална; исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментот е тука. Сега е време да се испорачаат резултати“, рече Коста пред неговата посета на регионот. 
The post Антонио Коста во посета на Скопje, ќе се сретне со премиерот Мицкоски appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: