Во 2025 година, во Македонија се склучени 10.507 бракови, што претставува намалување од 5,1 процент во споредба со претходната година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Во истиот период се регистрирани 2.185 разводи, или 8 проценти повеќе од минатата година.
Најголем број бракови е склучен во август, 1.362, што претставува 13 проценти од вкупниот број бракови. Најмал број бракови е склучен во март, кога се склучени 473 бракови, или 4,5 проценти.
Податоците покажуваат дека најчестиот брак е првиот брак. Кај жените, првиот брак учествува со 92,8 проценти, а кај мажите со 92,1 процент. Мажите почесто склучуваат втор и трет брак, при што вториот брак учествува со 7,1 процент, додека третиот брак сочинува 0,8 проценти од вкупниот број на бракови.
Просечната возраст при склучување на прв брак е 27,5 години за невестата и 30,2 години за младоженецот.
Според возраста, поголемиот дел од браковите во 2025 година се склучени во возрасната група од 25 до 29 години. Кај жените во оваа група се регистрирани 3.448 бракови, или 32,8 проценти, додека кај мажите 3.750 бракови, или 35,7 проценти.
Сепак, најголем број разводи се случиле во возрасната група од 35 до 39 години. Кај жените се регистрирани 400 разводи, или 18,3 проценти, а кај мажите 381 развод, или 17,4 проценти.
Според времетраењето на бракот, најмногу разводи се случиле помеѓу 5 и 9 години по завршувањето на бракот. Во оваа категорија се регистрирани 478 разводи, што претставува 21,9 проценти од вкупниот број разводи.
The post Бројот на бракови се намалува, а разводите се зголемуваат во Македонија appeared first on Во Центар.



