Центрите за податоци што вицепремиерот Александар Николоски ги промовираше како можност за значајни странски инвестиции се уште се далеку од конкретна работа на терен, иако најави и законски измени за забрзување на нивната изградба.Сепак, според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, тој веќе разговарал со неколку глобални компании кои покажуваат интерес за инвестирање во големи центри за податоци, а со две од нив влегле во понапредна фаза на преговори.
Но, како што вели тој за „Слободен Печат“, не станува збор за познати брендови како Гугл или Мајкрософт, Амазон, туку за инвестициски фондови кои инвестираат во градежништво, а потоа го издаваат под наем на големи компании.
„Некои од нив може да градат за Nvidia, а некои за Google. Со некои од нив потпишавме меморандуми за разбирање и затоа разгледуваме промена во законската регулатива што не е поврзана со намалување на барањата за градба, туку со тоа како да се олесни инфраструктурата наменета за центрите за податоци.“
Дискусијата оди во два правци: едниот е како да се искористи просторот во ТИРЗ, бидејќи во моментов таму не е дозволена изградба на центри за податоци бидејќи тие вклучуваат продажба на услуги, а не на стоки, за што се наменети развојните зони.
„Вториот правец е како да се олеснат процедурите за зонирање, за планирање на инвестиции, за менување на урбанистичките планови. Но, сето ова е во фаза на размислување. Немаме готов текст што би бил во владина процедура“, вели Андоновски.
The post Андоновски: Не преговараме со Гугл и Мајкрософт, туку со фондови што градат за нив appeared first on Во Центар.



