Девојка од струшкото село Ливада загина во сообраќајна несреќа на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија.
Девојката на 26-годишна возраст била сопатник во возилото со македонски таблички кое се судрило со возило со албански таблички.
Според информациите пласирани во дел од медиумите, повредени се и возачите на двете возила, како и уште двајца патници кои се наоѓале во двете возила.
Сите повредени се пренесени во болница, а според информациите на албанските медиуми, нивната состојба е стабилна и тие се надвор од животна опасност.
На местото на несреќата извршен е увид и се работи на утврдување на причините поради кои долшо до несреќата.
The post Девојка од струшко Ливада загина во сообраќајка во Албанија appeared first on Provereno.



