Џулија Фокс се појави на еден настан во Њујорк и ги шокираше сите со својата специфична комбинација. Се чини дека кралицата на провокативните изданија повторно направи „модна изјава“.
Позната по своите атрактивни, честопати провокативни модни изданија, актерката Џулија Фокс ја искористи можноста повторно да ја шокира јавноста .
Таа неодамна присуствуваше на модната ревија на дизајнерот Марк Џејкобс во Њујорк, а за таа пригода носеше смела креација .
Станува збор за фустан во боја на лаванда кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Овој нежен сатенски фустан го нагласуваше нејзиниот секси изглед , а не треба да се изостанат и модните додатоци кои дополнително го зачинуваа целиот стајлинг – таа носеше виолетови чипкани чорапи.
Таа го комплетираше изданието со брановидна фризура, впечатлива шминка и чанта.
The post Кралицата на провокациите се врати: Нејзиниот скандалозен фустан предизвика возбуда appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



