Во 2025 година, над 900 згради биле изградени без градежна дозвола

Во 2025 година се регистрирани 911 згради изградени без дозволи, објави Државниот завод за статистика.

Најголем број неовластени градби, 169, (18,6 проценти) се станбени. Од нив, 128 се исклучиво станбени, 24 се претежно станбени и 17 се за забава и рекреација.

Без дозволи биле изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни згради (12,7 проценти), 113 шупи (12,4 проценти), 110 проширувања, надградби и адаптации (12,1 проценти), 106 помошни згради (11,6 проценти), 79 гаражи (8,7 проценти), 22 летни тераси (2,4 проценти), 17 привремени згради (1,9 проценти), 9 скалишта (1 процент) и 6 тераси (0,7 проценти).

Најголемиот број згради изградени без дозволи, 96,1 проценти, се во приватна сопственост.
The post Во 2025 година, над 900 згради биле изградени без градежна дозвола appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: