ИНИЦИЈАТИВА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12.05“ Потребен е нов општествен договор !

Речиси истовремено со реконструкцијата на Владата, во јавноста се легитимираше т.н. Платформа за промени во опозицијата.
Универзитетски професори, поранешни и сегашни пратеници, градоначалници, адвокати и граѓански активисти, најголемиот дел од нив поранешни високи партиски функционери и државни функционери од редовите на СДСМ беа присутни денеска пет минути по 12 часот, на трибина што ја модерираше професорот на Економски факултет Игор Ивановски.

  Состанокот на иицијативата, која отвора толкувања за можни нови сериозни процеси во македонскиот опозициски блок, се одржа зад затворени врати, така бече наведено и во пканата, а медиумите ,во оваа фаза не беа поканети.
Средбата ја модерираше  универзитетски професор Игор Ивановски, поранешен пратеник и консултант на СДСМ.. Меѓу присутните беа Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Александар Бајдевски, пратеничките Славјанка Петровска и Моника Зајкова, градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митревски, адвокатите Звонко Давидовиќ и Валентин Пепељуговски, универзитетските професори Ненад Марковиќ и Предраг Трпевски, како и поранешни функционери и директори блиски до СДСМ, меѓу кои Милена Стевановиќ и Стојко Пауновски. Учествуваа и Љубомир Гајдов, Ивор Мицковски, Ема Нешковска, Костадин Ацевски, Драган Анастасов, Диме Велковски, Коста Начевски, Насе Насев, Бојан Столевски, Митко Андреевски, Милена Цветановска, Сретен Богоевски и Горан Стојковски – Диро, кој не беше физички присутен, туку со писмено обраќање.

Учесниците на денешните разговори донесоа повеќе заеднички заклучоци, дека прогресивната демократска јавност има потреба од суштинска, објективна дебата, која, за да ја погоди целта, мора да биде ослободена од вообичаената потреба за допадливост кон партиските авторитети. Заклучија и дека граѓаните денес живеат во реалност на неефикасна власт која за наводен политички противник си избира виртуелна опозиција. Според учесниците, сите истражувања на јавното мнение укажуваат дека македонската политичка сцена нуди, на едната страна силна владејачка партија и коалиција, а на другата страна смислено фрагментирана опозиција. Заклучија и дека опозицискиот простор не се пополнува со нови партии, туку со идеолошка и вредносна (р)еволуција.
Според иницијативата, на Македонија ѝ е потребен нов општествен договор како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени. Последниот заклучок е дека демократските процеси продолжуваат во насока на изнаоѓање одржливи и спроведливи решенија за иднината.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче, во првата реакција по настанот, за ДВ изјави:
„Ние знаеме што е ова. И знаеме зошто се прави”.
„Постои Фронтот за вистина и правда. Сѐ друго е фејк. Наместо да одат на таков собир, нека го отворат Фејсбук профилот на Латас, нека ја вклучат Алфа ТВ – таму имаат доволно „различно мислење“ кое секојдневно го труе народот со лаги, со измислени непријатели на Македонија, на идентитетот, јазикот и културата”, рече Филипче.
Тој притоа се осврна на ЗНАМ како паралела на новата фракција во СДСМ и потенцира дека „сега, кога знаеме дека еднаш веќе беше направен еден „ЗНАМ“ од страна на Мицкоски и од група луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи, и тоа служеше за да се претопат гласовите на опозицијата во гласови за Мицкоски и неговата банда – тогаш одењето на собир кој го организираат истите тие луѓе, не бара многу објаснување”.
Иако, беше најприсутен во јавноста во претходните неколку месеци на оваа тема, меѓу поканетите го немаше поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов.

The post ИНИЦИЈАТИВА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12.05“ Потребен е нов општествен договор ! appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: