ЗНАМ 2.0 – платформа за „иднината“ на Мицкоски

Додека вчера овие луѓе беа ништо – без структура, без име, без јасна платформа – денес одеднаш излегуваат со „платформа за иднината на Мицкоски“.

Ова е проектот ЗНАМ 2.0.

Мицкоски уште во декември почна да го турка овој проект.

Прво се обиде да го провлече преку СДСМ, за да создаде внатрешна поделба и да го урне рејтингот на партијата одвнатре. Кога тоа не му успеа, сега го прави самостојно.

Првите промотори и претставници на оваа „платформа“ беа Петре Шилегов и Јован Деспотовски – поранешни членови на СДСМ.

Денес некои членови, кои на последните избори значително придонесоа за слабеење на рејтингот на партијата, отидоа на свечената церемонија на ЗНАМ 2.0.

Идејата беше јасна: рушење одвнатре. Кога не помина, сега се прави лажна опозиција – сателит на Мицкоски по моделот на ЗНАМ, само нова верзија.

ЗНАМ се распадна. Сега е време за нов сателит.

Основата на овој нов проект треба да ја сочинуваат пропаднати стари кадри и неколкумина сегашни (не)корисни луѓе. Некои поради тендери, некои поради приватен бизнис со ВМРО.

Сето ова се промовира преку медиумите од Орбановата мрежа и ВМРО. Денес медиумските сили на ВМРО се со подготвени текстови во напад на СДСМ. Главен координатор од сенка е Драган Павловиќ – Латас. Човек на српската служба уште од 90-тите години.

Сè се одвива под „Chatham House“ правила – можат да зборуваат за сè, освен за тоа кој е вистинскиот газда на проектот, а тоа е Христијан Мицкоски.

Еднаш народот беше измамен со ЗНАМ. Тие прво ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи.

ЗНАМ 2.0 нема нови гласачи 2.0. Има само истиот народ кој беше сведок на сè што направи Мицкоски – економска катаклизма, изолација на земјата и продажба на националните интереси заради лични и финансиски цели.

Доста е повеќе со сателитите на организираната криминална група.

Со оглед на тоа што на Мицкоски драстично му падна рејтингот поради неисполнетите предизборните ветувања, немањето резултат, со оглед на тоа што ВМРО изгуби повеќе од 150.000 гласови, што буџетот е под сериозен притисок, економијата е во лоша состојба, а патот кон ЕУ е целосно закочен, очекуваме да се обиде да оди на предвремени избори.

Еден од елементите на таа стратегија е и ЗНАМ 2.0, со цел да се расцепкаат опозициските гласови.

Граѓани, следете уште една претстава. Режисерот го знаеме, а актерите наскоро ќе ги запознаеме.

Постои само една опозиција – обединета во широкиот Граѓански фронт.

Еден е Фронтот за вистина и правда.

Доаѓа време кога ќе се врати власта во рацете на граѓаните.

Пронајдете не на следниве мрежи: