Љубителите на традиционалното пелистванство, народните обичаи и традицијата на 19 јули ќе имаат можност да присустуваат на уште едно издание на манифестацијата „Свадба на Газда Мумин“, која ќе се одржи на аеродромот Плачковица со почеток од 11 часот.
Организаторите најавуваат целодневна програма исполнета со атрактивни пеливански борби, дружење, музика, храна и пијалоци, а се очекува настанот и годинава да привлече голем број натпреварувачи и посетители од Македонија и регионот.
Посебен мотив за учесниците ќе биде и наградниот фонд. Победникот ќе добие бик како главна награда, а покрај тоа ќе бидат доделени и повеќе паарични награди за најуспешните пеливани.
Покрај натпреварувачкиот карактер, манифестацијата има за цел да ги негува традицијата и културното наследство на пеливанството, промовирајќи ги вредностите како што се спортот и вештината, дружењето и пријателството, традицијата и наслесдството, како и заедничкото уживање во музика, забава и храна.
За дополнителни информации и пријавување, заинтересираните можат да се обратат кај организаторот Бобан Данов на телефон 077/888-330.
Со богата програма, вредни награди и прдолжување на долгогодишната традиција „Свадба на Газда Мумин“ и оваа година ветува вистински празник на пелистванството на Плачковица.



