Ристески најави нова потрошувачка кошничка од септември

Просечната потрошувачка кошничка е изработена и усвоена од Економско-социјалниот совет, а нејзината примена се очекува да започне од септември, најави заменик-министерот за економија Марјан Ристески. Тој по работниот состанок во Стопанската комора изјави дека во моментов се прави усогласување на податоците со Државниот завод за статистика, по што кошничката треба да стане алатка за креирање на економски политики.

-Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме- рече Ристески.

Тој нагласи дека новата просечна потрошувачка кошничка не треба да се поистоветува со минималната потрошувачка кошничка што ја објавуваат синдикатите. Според Ристески, целта на новата кошничка е да обезбеди порелевантни статистички податоци кои ќе помогнат при носење закони, одлуки и мерки во економијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: