Случајот против таткото на Вања оди на повторно судење, пресудата на Палчо е потврдена

Апелациониот суд ги потврдува доживотните казни затвор на Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, осудени за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска од Скопјанка и Панче Жежовски од Велес.

Апелациониот суд во Скопје ја поништи одлуката за ослободување на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, и го врати предметот на повторно судење.

Апелациониот суд ја поништи одлуката за негово ослободување од обвиненијата и наложи случајот да се повтори во Основниот кривичен суд.

Ѓорчевски беше обвинет за помагање на сторителите со тоа што им дал информации за тоа кога неговата ќерка одела на училиште. Во текот на судењето, тој ги негираше овие обвиненија, а првостепениот суд го ослободи од обвинението за какво било кривично дело. 
The post Случајот против таткото на Вања оди на повторно судење, пресудата на Палчо е потврдена appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: