Муцунски ја пречека претседателката на Индија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму.

-Вечерва, на скопскиот аеродром, ја пречекав претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која пристигна во официјална посета на земјава, објави Мицунски.

Во рамките на посетата се предвидени повеќе средби и активности.

Очекувам тие да ги потврдат одличните билатерални односи и да дадат нов поттик за натамошно унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји, потенцира во објавата министерот Муцунски.

Пронајдете не на следниве мрежи: