Сончево време со температура до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде за време на викендот и во текот на следната работна седмица кога дневната температура наместа ќе надмине 40 степени.
The post Сончево време со температура до 39 степени appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: