Критична е состојбата на двајца пациенти од седумте хоспитализирани со западно-нилска треска. Пзциентите се на возраст од 76 и 66 години и двајцата се ставени на механичка поддршка.
Директорот на Инфективната клиника Фадил Цана во изјава дадена денеска посочи дека сите седум пациенти се од Скопје, а само еден од нив патувал во Грција. Кај тројца пациенти дополнително се правата анализи за да се утврди дали се заразени. Сите пациенти се на возраст околу 60 години и оваа возрасна група, според Цана, е изложена на најтешката инвазивна форма на вирусот.
– Седум се потврдени и кај тројца постои големо сомнение дека може да се работи за истата инфекција. Шеесет и шестгодишниот пациентот е хоспитализиран на 26 јули и поради влошување на неговата здравствена состојба и според процена на лекарите од одделот за интензивна нега, е интубиран и поставен на механичка вентилација. Тој не патувал надвор од државата и има многу коморбидитети. Сите други пациенти се на возраст над 60 години и се со многу коморбидитети. Тие се стабилни се и се лекуваат според сите современи медицински протоколи, рече Цана.
The post Во критична состојб двајца пациенти со западно-нилска треска appeared first on Provereno.



