Вечерва ќе се прска против комарци во Драчево како превенција од западнонилска треска

Министерството за здравство информира дека го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево.
Оваа активност претставува превентивна мерка што се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од Центарот за јавно здравје–Скопје за состојбата со комарците и потребата од дополнителна адултицидна дезинсекција, како и поради актуелната епидемиолошка состојба со лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска во земјава.
Станува збор за вонредно прскање против комарци, спроведено по индикација, согласно Програмата за јавно здравје и по добиените стручни информации од ЦЈЗ–Скопје.
Паралелно со оваа мерка, согласно годишниот план на ЦЈЗ–Скопје, континуирано се реализираат и редовните активности на територијата на Град Скопје. Од таму информираат дека во текот на мај и јуни се спроведени три акции на ларвицидна авионска дезинсекција. Во јули е реализирана и втората акција на терестичка адултицидна дезинсекција во повеќе скопски населби, како што се: Ѓорче Петров, Хром, Влае, Влае, Карпош, Дебар маало, Маџир маало, кеј на Вардар, Водно, Пржино, Драчево, Маџари, Лисиче и други населени места, насочена кон сузбивање на возрасните форми на комарци.
The post Вечерва ќе се прска против комарци во Драчево како превенција од западнонилска треска appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: