Американскиот милијардер и сопственик на „СпејсИкс“ и „Тесла“, Илон Маск, го критикуваше шпанскиот премиер Педро Санчез за ситуацијата со мигрантите во шпанската енклава Сеута.
Маск, кој претходно остро ги критикуваше левичарските политики на Педро Санчез, сподели видео од филмот „Светска војна З“ и ја спореди сцената во Сеута со инвазијата на зомбиња во филмот.
Целиот буџет на Шпанија ќе биде уништен поради нелегалните мигранти.
„Пресметката е едноставна – ако Шпанија им нуди на мигрантите бесплатни бенефиции што го надминуваат животниот стандард на 90% од светската популација, тоа создава силен поттик за тие 90% од населението на Земјата да се преселат во Шпанија – а зборуваме за седум милијарди луѓе“, рече Маск.
Според првичните проценки на безбедносните сили, повеќе од 40.000 мигранти нелегално влегле во Сеута во последните денови, повеќето од нив минатиот четврток. Оваа бројка далеку ја надминува онаа забележана за време на претходната миграциска криза во автономниот град во мај 2021 година, кога се проценува дека повеќе од 10.000 мигранти избегале од граничните контроли.
Моменталниот број на запишани жители – кој некои извори го проценуваат на речиси 50.000 – претставува зголемување од речиси 50% на населението на енклавата, кое е регистрирано на 83.600.
Пронајдете не на следниве мрежи:



