Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Италија, јавува EMSC (Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар). Земјотресот е регистриран вечерва во јужниот дел на Италија, во 19:46 часот.
Епицентарот се наоѓа на околу 13 километри западно од Неапол. Хипоцентарот на земјотресот е на длабочина од околу два километри под површината на земјата.
Засега нема информации за повредени лица, а на социјалните мрежи веќе се појавија бројни снимки на кои се гледа штетата предизвикана од земјотресот.
Надлежните служби се известени и ја следат ситуацијата.



