Километарски колони и часови чекање на граница.
Вака изгледа изолацијата што ја создаде Христијан Мицкоски.
Затоа нема реформи што ги вети до 1 јуни. Веќе ниту ги спомнува.
Мицкоски и неговата организирана криминална група не сакаат ЕУ.
Затоа што во ЕУ би имало независно македонско обвинителство, европско обвинителство и слободни судови.
Тогаш некој би морал да одговара за сиот криминал и корупција.
На овие тендер-патриоти гужвата не им пречи.
Тие си обезбедија бугарски државјанства и ЕУ пасоши.
За нив постои посебен граничен премин. Тие не чекаат со часови.
Некои летаат на „екскурзија“ со државниот авион, како да е приватен – затоа што ги болат колената од клечење уште од кампањата.
Граѓаните стојат на граница.
Тие летаат. – се вели со соопштението на СДСМ
Пронајдете не на следниве мрежи:



