Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

Меѓународниот аеродром во Истанбул постави европски рекорд по бројот на патници во еден ден, изјави турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу.

Аеродромот во Истанбул постави европски рекорд. На 1 август, аеродромот опслужи 289.260 патници, поставувајќи нов рекорд како за овој аеродром, така и за европските аеродроми – објави Уралоглу на платформата X.

Во текот на 2025 година, низ овој аеродром поминале 84,4 милиони патници и тој редовно се рангира меѓу најпрометните аеродроми во Европа.

Пронајдете не на следниве мрежи: