Германската енергетска компанија RWE објави дека ќе се откаже од своите проекти за ветерна енергија на море во САД, откако постигна договор вреден 1,2 милијарди долари со Министерството за внатрешни работи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
Според компанијата, средствата ќе бидат пренасочени кон енергетски проекти на гас, вклучувајќи инвестиција од 900 милиони долари во терминал за извоз на течен природен гас (LNG) во Луизијана.
„По внимателно разгледување, беше заклучено дека не постои можност за обезбедување на потребните дозволи за овие проекти во САД во догледна иднина“, се вели во соопштението на RWE.
Компанијата ќе се откаже од концесии за ветерни фарми покрај бреговите на Калифорнија, Луизијана и Њујоршкиот Залив.
Сепак, RWE планира да инвестира околу 17 милијарди евра во САД во текот на следните шест години за да ги прошири своите капацитети за производство на електрична енергија.
Американскиот министер за внатрешни работи, Даг Бургум, го поздрави договорот, наведувајќи дека на САД им е потребен енергетски систем базиран на „здрав разум“, а не на скапи субвенции.
Договорот е дел од политиката на администрацијата на Трамп за запирање на развојот на проекти за ветерна енергија на море и фаворизирање на инвестициите во нафта и гас.
Трамп долго време ги критикуваше ветерните турбини, кои ги опиша како „грди“ и штетни за дивиот свет.
Порано оваа година, администрацијата на Трамп постигна слични договори со француската компанија „Тотал Енерџис“ и „Дјук Енерџи“, кои исто така се откажаа од проекти за ветерници во замена за инвестиции во секторите за гас и нафта.
The post Договор вреден милијарда долари: Германија се откажува од американските проекти за ветерници appeared first on Во Центар.



