СДСМ поднесе кривична пријава за случајот Ново село, ВМРО-ДПМНЕ одговори

СДСМ денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за злоупотреба на службени податоци против полициски службеници од Струмица и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски во врска со случајот со претепувањето на млади лица од Ново Село.
Генералниот секретар на партијата Александар Саша Димитријевиќ пред зградата на Обвинителството изјави дека доверливи полициски податоци завршиле во ВМРО-ОКГ и се јавно злоупотребени, а обвинителството и МВР девет дена молчат за нападот на младите во Ново Село.
Димитријевиќ посочи дека станува збор за сериозна злоупотреба на службени податоци.
– ВМРО-ОКГ на прес-конференција објави доверливи податоци од документи од Полициската станица Струмица. Докуметни и податоци до кои немаат право на пристап и кои се водени како службена тајна. А тоа е ново кривично дело. Мислеа дека ќе се спасат? Се излажаа. СДСМ денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за гонење организиран кримина“, рече Димитријевиќ.
На ова реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ негирајќи дека има пристап до полициски системи и дека информациите ги добил од свиркачи од СДСМ.
– СДС не ги негира информациите што ги објавив. Што значи дека ги потврдуваат. Не негираат дека лицата кои ги претставуваа како „млади активисти“ се осудени насилници и трговци со дрога. Не ги демантираат фактите што ги објавив за нивното криминално минато. Наместо одговор на тоа, решија да се занимаваат со тоа од каде сум ги добил информациите, изјави Манасиевски.
The post СДСМ поднесе кривична пријава за случајот Ново село, ВМРО-ДПМНЕ одговори appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: