Силно невреме во Кочани, делови од градот без струја

Невреме проследено со силен ветер и  дожд вчера нешто по 20 часот го зафати Кочани и регионот. На повеќе локации во градот предизвикани се проблеми во сообраќајот и во нормалното движење на луѓето.   Делови од градот се без електрична енергија. Сообраќајот на магистралниот пат  Кочани–Штип е во прекин поради наноси и паднати дрвја на коловозот.
Блокирани се неколку патни правци околу Кочани. Стопиран е сообраќајот на излезот од градот кон Виница,  поради срушени стебло од дрво и гранки непосредно после СОУ ” Гошо Викентиев”. Сообраќајот се пренасочува низ градот таму каде што е можно.
Исто така, булеварот „Тодосија Пунов“ во Кочани е непрооден поради  големи количини вода.од дождот. На оваа сообраќајница има и возила кои се загалвени во водата.
Во прекин е и сообраќајот на магистралниот пат Кочани–Делчево, на потегот од крстосницата кај Горни Подлог до Градовска крстосница.
Екипи на ТППЕ и полицијата се на терен и ги преземаат неопходните активности.
Искршени стебла и гранки се забележуваат на повеќе локации во Кочани, што дополнително отежнува било какво  движење.
The post Силно невреме во Кочани, делови од градот без струја appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: