Стефан Ристовски се враќа дома, пред потпис за „Вардар“

Македонскиот шампион „Вардар“ неодамна доби нов тренер, Миодраг Божовиќ, кој го наследи Кристијан Фабијани на клупата, а на самиот крај од преодниот рок би можел да донесе големо име во играчкиот кадар.

Поранешниот капитен намакедонската репрезентација и десен бек Стефан Ристовски е блиску до враќање во „Вардар“. По заминувањето на Дарко Велковски, се појави слободно место во бековската линија, а искусниот дефанзивец би можел да биде „џокерот“ на скопскиот клуб.

Постои взаемен интерес, па затоа во моментов се чека потенцијалната конечна реализација на договорот.

Ристовски моментално е слободен агент откако го раскина договорот со Сараево. Во својата богата кариера, во која играше и како стопер, играше за Динамо Загреб, Спортинг Лисабон, Риека, како и за италијанските клубови Парма, Кротоне, Фрозиноне, Бари и Латина.

Со оглед на тоа што 34-годишниот фудбалер ги направи првите чекори во „Вардар“, неговото враќање би било огромен плус за тимот кој се мачи со формата на почетокот од сезоната и веќе заостанува осум бода зад водечката Шкендија.
The post Стефан Ристовски се враќа дома, пред потпис за „Вардар“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: