Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, официјално објави дека новата мобилна апликација m.Uslugi ќе биде промовирана во октомври.
„Официјално можам да објавам дека во октомври ќе организираме настан на кој ќе ја промовираме мобилната апликација „м.Услуги“. На неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните“, истакна Андоновск
Преку m.Uslugi, граѓаните ќе можат да пристапат до лични документи во дигитална форма, како и до електронски административни услуги на едно место. Целта е државните услуги да се направат подостапни и полесни за користење, директно преку мобилен телефон.
Министерот нагласи дека во изминатиот период интензивно се работи на прашања поврзани со сајбер безбедноста, заштитата и складирањето на лични податоци, како и нивната размена со Министерството за внатрешни работи, кое е сопственик на податоците.
„Во завршна фаза сме на хармонизирање и потпишување на протоколот за размена на податоци, како и на тестирање на апликацијата. Сакаме да бидеме сигурни дека системот е стабилен, безбеден и лесен за користење пред да биде достапен за сите.“
Апликацијата ќе биде достапна на App Store и Google Play, а нејзината тест верзија досега ја имаат преземено околу 6.000 граѓани“, рече Андоновски.
The post Андоновски: Од октомври личните карти и возачките дозволи ќе бидат електронски appeared first on Во Центар.



