Хаос во Мајами, авион „Боинг 767“ се лизна од пистата – удри во автомобили и се запали

Товарен авион „Боинг 767“, за кој се верува дека е во сопственост на „Амазон“, се лизна од пистата при слетувањето на меѓународниот аеродром во Мајами.

Снимките од местото на настанот покажуваат густ чад, а првичните извештаи велат дека авионот се лизнал на пат надвор од аеродромската зона.

Федералната администрација за авијација (FAA) потврди дека авионот се лизнал од пистата по слетувањето на меѓународниот аеродром во Мајами.

ФАА додаде дека Боингот 767-300 летал од Сан Хуан, Порторико.

Во аудио-снимка се слуша како контролата на земјата ја информира контролната кула за инцидентот.

„Очигледно имаме авион кој ја напуштил пистата 30“, се вели во пораката.

Целиот сообраќај на аеродромот во Мајами е суспендиран. ФАА ја објави оваа информација во официјално предупредување.
The post Хаос во Мајами, авион „Боинг 767“ се лизна од пистата – удри во автомобили и се запали appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: