Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени денес, по изборниот пораз на Христијанско-демократската унија (CDU) во германската федерална покраина Саксонија-Анхалт, дека успехот на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) предизвикал „тектонски земјотрес“ во партискиот систем и предупреди на можноста за формирање „десничарска екстремистичка влада“ во таа покраина.
На состанокот на федералното претседателство на ЦДУ, Мерц изјави дека неговата партија мора сериозно да се соочи со изборниот пораз и да признае дека не успеала да најде „емоционален пристап“ кон граѓаните или да ја обезбеди нивната поддршка, објавува „Билд“.
– Ова ја потресува нашата партија до срж. Не можеме да продолжиме како ништо да не се случило, ниту јас, ниту федералната влада, нагласи Мерц.
Тој оцени дека ЦДУ „драматично ги загуби“ изборите, што претставува, како што изјави, „длабока пресвртница“ за таа партија.
Германскиот канцелар истакна дека ЦДУ мора отворено да разговара за проблемите, но и да го зачува единството, предупредувајќи ги членовите дека јавните изјави против партијата ѝ штетат на ЦДУ.
Мерц оцени дека целта на АфД е „целосно уништување на ЦДУ“ и повтори дека „нема никаква соработка“ со таа партија, наведувајќи дека ЦДУ цврсто останува на политичките темели на поранешниот германски канцелар Конрад Аденауер, основач на ЦДУ и поранешен германски канцелар Хелмут Кол.
Поразот на ЦДУ го коментираше и премиерот на Саксонија-Анхалт, Свен Шулце, кој рече дека е „крајно разочаран“ од резултатот.
Според него, кампањата била „исклучително тешка“, додека АфД, како што тврди, користела различни методи и водела кампања со невидена жестокост, која успеала да мобилизира голем број граѓани кои претходно не излегле на гласачките места.
– Многу боли, но мора да го прифатиме, рече Шулце.
Алтернативата за Германија (AfD), предводена од Улрих Зигмунд, убедливо победи вчера на покраинските избори во германската федерална покраина Саксонија-Анхалт со 43,8 проценти од гласовите, но не освои апсолутно мнозинство, додека Христијанско-демократската унија (CDU) на премиерот на покраината, Свен Шулц, претрпе тежок пораз и заврши на второто место со само 17,2 проценти од гласовите, според прелиминарните резултати објавени од изборната комисија во текот на ноќта.
Според прелиминарните резултати, AfD освои 43,8 проценти од гласовите на изборите во недела – барем двојно повеќе во споредба со 20,8 проценти на изборите во 2021 година, CDU сега доби 17,2 проценти од гласовите, додека на претходните избори освои 37,1 процент, а 9,3 проценти од гласачите гласаа за Социјалдемократската партија на Германија (SPD), во споредба со претходните 8,4 проценти, објавува „Билд“ утрово.
Според прелиминарните резултати, АфАлтернативата за Германија (AfD), предводена од Улрих Зигмунд, убедливо победи вчера на покраинските избори во германската федерална покраина Саксонија-Анхалт со 43,8 проценти од гласовите, но не освои апсолутно мнозинство, додека Христијанско-демократската унија (CDU) на премиерот на покраината, Свен Шулц, претрпе тежок пораз и заврши на второто место со само 17,2 проценти од гласовите, според прелиминарните резултати објавени од изборната комисија во текот на ноќта.
Според прелиминарните резултати, AfD освои 43,8 проценти од гласовите на изборите во недела – барем двојно повеќе во споредба со 20,8 проценти на изборите во 2021 година, CDU сега доби 17,2 проценти од гласовите, додека на претходните избори освои 37,1 процент, а 9,3 проценти од гласачите гласаа за Социјалдемократската партија на Германија (SPD), во споредба со претходните 8,4 проценти, објавува „Билд“ утрово.
Според прелиминарните резултати, АфФ го зголемила својот удел во гласовите повеќе од двојно, од 20,8 проценти во 2021 година на 43,8 проценти, што е најдобриот резултат постигнат од партија на регионалните избори во Германија во последните десет години.
Излезноста беше 77,8 проценти, во споредба со 60,3 проценти во 2021 година, што е највисока излезност во Саксонија-Анхалт од повторното обединување на Германија.Ф го зголемила својот удел во гласовите повеќе од двојно, од 20,8 проценти во 2021 година на 43,8 проценти, што е најдобриот резултат постигнат од партија на регионалните избори во Германија во последните десет години.
Излезноста беше 77,8 проценти, во споредба со 60,3 проценти во 2021 година, што е највисока излезност во Саксонија-Анхалт од повторното обединување на Германија.
The post Изборен пресврт во Германија по победата на АфД: Мерц се огласи по дебаклот – „Не можеме вака да продолжиме“ appeared first on Во Центар.



