Трамп: Киев се согласи да ги запре нападите врз руските енергетски објекти

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина се согласила да не изведува напади врз руските енергетски постројки.

Трамп, исто така, напиша на социјалната мрежа „Трут“ (Truth) дека и Русија се согласила на овој договор. „Порастот на глобалните цени на дизелот првенствено е предизвикан од војната меѓу Русија и Украина, а не од Иран“, додаде американскиот лидер.

Трамп претходно изјави дека Украина предизвикува глобален недостиг на дизел преку нападите врз руските рафинерии за нафта.

Пронајдете не на следниве мрежи: