Популарните пејачки Дуа Липа и Рита Ора ги поддржаа поранешните водачи на ОВК, кои беа осудени на 16 септември 2026 година, за воени злосторства над најмалку 385 лица во Косово и Албанија, пренесува „Н1“.
Судот во Хаг вчера ги осуди на 25 години затвор поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и Јакуп Красниќи за воени злосторства. Кадри Весељи е осуден на 18 години, а Реџеп Селими пак доби единствена казна од 13 години затвор.
Дуа Липа и Рита Ора, британски пејачки од албанско потекло, сега им дадоа јавна поддршка преку социјалните мрежи.
Рита објави фотографија на Инстаграм на која се гледа амблемот на гореспоменатата организација и напиша: „Борбата за Косово, кое денес го нарекуваме дом“.

Додека, Дуа сподели неколку објави во кои ја поддржува ОВК, објавувајќи го и нивниот амблем и натпис „Слободата има име“.
После тоа, таа објави и текст насловен „Слободата е платена со крв“.

„Со крвта на мачениците кои ги дадоа своите животи за слободата. Никој нема право да ја оцрни борбата на оние кои се бореа за слободата. Никој нема право да ја оцрни Ослободителната војска на Косово и идеалот на илјадници млади мажи и жени кои ги дадоа своите животи за слободата што ја уживаме денес. ОВК е и засекогаш ќе остане симбол на нашата слобода и независност“, напиша таа.



