Велосипедист имал АНГЕЛ ЧУВАР кој зад него го возел камионот!

За време на возењето кое траело околу четири часа преку мостот Ердбегер, кој се наоѓа на автопатот А23, возачот на камионот, Андреас Посписил, не можел да им поверува на сопствените очи.Од десната страна на автопатот забележал слабо осветлен велосипедист кој возел во лентата за камиони. Тој го возел велосипедот од страната на автопатот, кој со линија е одделен од заштитната ограда и со тоа не го загрозил само својот живот, туку и животите на останатите учесници во сообраќајот.
„Не можев да си поверувам. Тој возеше по лентата на која поминуваат камиони кои тежат и по неколку тони. Морав да сторам нешто за да го заштитам од останатите возила и веднаш ги вклучив долгите светла за да не го заслепам“, рекол Андреас.
Велосипедистот го забележал неговиот „заштитник“ и се возел покрај камионот сѐ додека не дошол до делот од мостот каде што патот се двои во неколку правци.
Возачот на камионот вели дека го следел велосипедистот околу седум минути и дека тој на крај само му мавнал со раката и исчезнал на местото од автопатот, од коешто свртел во правец за Кајзермилен, Австрија.Од десната страна на автопатот забележал слабо осветлен велосипедист кој возел во лентата за камиони. Тој го возел велосипедот од страната на автоп

Пронајдете не на следниве мрежи: