Видео: НЕ ФРЛАЈТЕ ЈА ВО ЃУБРЕ: Постои начин вашата СКРШЕНА камена пудра „да ја вратите во живот“

Веројатно не постои ниту една девојка или жена на која, барем еднаш во животот не и се скршило камена пудра.  Не брзајте да ја фрлите вашата омилена пудра. Постои чудесен начин кој ќе и подаи нов живот. Можете вашата пудра да ја направите како нова.Нема ништо полошо од тоа да си ја најдете омилената пудра или сенка уништена во несесерот. Но, не очајувајте бидејќи има начин да ги „спасите“ уништени шминки. Погледнете како да заштедите пари и да си ја поправите скршената камена пудра.
Што ви е потребно:
– Скршената пудра
– Чист алкохол (75 %)
– Стаклен сад
– Лажица
– Салфетка
Што да направите:

– Пред се, потребно е остатоците од скршената пудра (истото се однесува и на сенка или руменило) да ги истурите во стаклениот сад.
– Иситнете ја сенката со лажица, така што ќе биде на мали парчиња. Ставајте капка по капка алкохол, и добро мешајте додека не добиете смеса како кал.
– Мешавината вратете ја  во сопствената кутија. Измазнете ја површината, и удрете ја кутијата неколку пати од масата. Оставете ја така еден час.
– После тоа земете салфетка, ставете ја на пудрата и полека притиснете со лажичката, за да се упие остатокот од алкхолот и пудрата да се израмни.
– Оставете ја пудрата отворена неколку часа, може и преку ноќ .
– После тоа повторно ќе можете ја употребувате вашата пудра која ќе изгледа како нова!
Нема ништо полошо од тоа да си ја најдете омилената пудра или сенка уништена во несесерот. Но, не очајувајте бидејќи има начин да ги „спасите

Пронајдете не на следниве мрежи: