Шест полицајци под дисциплинска постапка и суспензија поради наводна прекумерна сила врз момчиња

Шест полициски службеници ќе се соочат со дисциплинска постапка и суспензија поради утврдени неправилности во полициското постапување на 7 октомври, кога наводно била употребена прекумерна физичка сила врз момчиња, при што им биле нанесени телесни повреди.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Од проверките, видеоснимките и изјавите на сведоци биле утврдени низа неправилности во постапувањето на полициските службеници. Поради тоа, против шестмина ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, а ќе бидат преземени и мерки за нивно отстранување од работното место, односно суспензија.
Во однос на пријавите за можни кривични дела, поднесени до Одделот за внатрешна контрола и Секторот за внатрешни работи Скопје, надлежните обвинителства издаваат наредби за вештачења, по кои веќе се постапува.
Од МВР информираат дека по документирањето на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Со постапките треба да се утврдат сите околности на настанот и евентуалната одговорност на полициските службеници.
The post Шест полицајци под дисциплинска постапка и суспензија поради наводна прекумерна сила врз момчиња appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: