(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад: Победа на сите нас и на нашите деца

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој загина при уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, изјави за Н1 дека две години го чекала овој момент и дека победата на изборите е „победа на сите нас и на нашите деца“. Таа порача дека очекува сите одговорни за трагедијата да бидат казнети, вклучително и поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, и истакна дека нема да се откаже од борбата за правда.

„Ова е победа на сите нас, ова е победа на нашите деца. Ова е само почеток на она што треба да го направиме. Две години чекав. Се тресам, значи, како прачка на вода, не можам да зборувам. Две години го чекав овој момент, да паднат. И сега очекувам дека сите ќе одговараат, секако и Александар Вучиќ, Зорана Михајловиќ и Милорад Додик. Тоа се тројцата главни виновници“, рече Хрка.

Како што додаде, „на некој начин е среќна“.

„Не знам што да кажам, но на некој начин сум среќна. Злото си замина. Повеќе не може да се врати полошо од ова“, изјави таа.

ЛИНК до видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: