Расправија меѓу Филипче и Тајко Славевски за Алта Банка на социјалните мрежи

Во однос на објавената информација со изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со одлуката на гувернерот, гувернерот д-р Трајко Славески има објавено директен одговор на изнесените наводи на својот профил на X.

Почитуван докторе, разумен човек уште веднаш „хируршки“ би го отстранил/избришал овој срамен пост. За да не се срамите кога утре Службен весник и еден дневен весник ќе го објават Решението за воведување на Алта банка АД Битола во администрација.

И на попладневниот прес за темата тоа беше објаснето, но еве да повторам: За разлика од физичките лица, правните лица нема да можат да повлекуваат средства од сметките во Алта банка АД Битола. Тие единствено ќе можат да вршат пренос на парични средства, во неограничен износ, на сметки на други клиенти во Алта банка АД Битола. Јасно е сега?

Пронајдете не на следниве мрежи: