Само еден месец без алкохол може да го промени вашето тело: Еве што се случува од ден на ден

Одлуката да се престане со пиење алкохол прави многу повеќе отколку само да се избегнат утринските главоболки и мамурлакот.

Апстиненцијата од алкохол може да има бројни, помалку познати здравствени придобивки, а некои позитивни промени во телото почнуваат да се забележуваат по 24 часа, додека други стануваат поизразени по еден месец, пишува Unilad.

Освен што ќе заштедите пари што инаку би ги потрошиле на пијалоци, ќе имате корист и вашиот црн дроб , квалитетот на спиењето, менталното здравје и изгледот на вашата кожа .

По еден ден без алкохол

Алкохолот што сте го консумирале обично се разградува и елиминира од телото во рок од 24 часа, во зависност од количината и индивидуалните фактори. После тоа, започнуваат позитивните промени, вклучително и стабилизацијата на нивото на шеќер во крвта.

Сепак, луѓето кои редовно консумираат алкохол може првично да доживеат симптоми на апстиненција пред да се чувствуваат подобро.

Никол Ли, професорка на Националниот институт за истражување на лекови на Универзитетот Куртин, за „The Independent“ објасни декана почетокот може да се појават нарушувања на спиењето, промени во расположението, потење и треперење.

Повеќето од поблагите симптоми, рече таа, обично исчезнуваат по околу една недела без алкохол.

Важно е да се напомене дека кај луѓето кои развиле зависност од алкохол, ненадејното прекинување на консумирањето може да предизвика сериозни, па дури и опасни по живот компликации, поради што е неопходна медицинска помош.

По една недела без пиење

Иако многу луѓе веруваат дека алкохолот им помага да заспијат, тој всушност го нарушува квалитетот на сонот. По седум дена без алкохол, можно е да се забележи подобрување на сонот и, според тоа, повеќе енергија во текот на денот.

Подобриот одмор може да има позитивен ефект и врз расположението и менталното здравје.

Професорот Дејвид Нат, раководител на одделот за невропсихофармакологија на Империјал колеџ во Лондон, објасни за „The Independent“ дека воспалителните процеси во телото можат да бидат поврзани со лошо расположение.

„Многу луѓе кои имале Ковид страдале од тешка депресија и анксиозност токму поради воспалителни процеси. Алкохолот предизвикува сличен вид воспаление во мозокот. Мамурлакот е делумно резултат на невроадаптација, односно обид на мозокот да го поништи ефектот на алкохолот, а делумно и на токсичност што доведува до воспаление. Тоа воспаление предизвикува чувство на депресија, рамнодушност, раздразливост и губење на задоволството. Ова често може погрешно да се протолкува како депресија“, објасни Нат.

Позитивните промени можат да се одразат на здравјето на црниот дроб.

Катинка ван де Вен, експерт за алкохол од Универзитетот во Нов Јужен Велс, истакнува дека црниот дроб има клучна улога во прочистувањето на крвта, преработката на хранливи материи и производството на жолчка, што помага во варењето на храната.

„Црниот дроб има способност брзо да се регенерира. Ако имате само благо оштетување на црниот дроб, седум дена може да бидат доволни за да се намали количината на маснотии во црниот дроб и да се започне со заздравување на поблагите лузни и оштетувања на ткивото“, објасни таа.

По еден месец без алкохол

По четири недели апстиненција, позитивните ефекти можат да станат уште поизразени. Можни промени вклучуваат губење на тежината, подобрување на метаболичкото здравје и намалување на одредени фактори на ризик за развој на рак.

Една студија ги споредила луѓето кои консумирале околу 31 единица алкохол неделно со оние кои апстинирале еден месец.

Резултатите покажаа дека лицата кои не пиеле алкохол имале подобра чувствителност на инсулин, понизок крвен притисок, помала телесна тежина и пониски нивоа на фактори на раст поврзани со развојот на рак.

Од друга страна, кај луѓето кои продолжиле да консумираат иста количина алкохол, биле забележани индикатори за зголемен ризик од рак и метаболички заболувања, како што се дијабетес тип 2 и замастен црн дроб.

Според „Alcohol Change UK“, апстиненцијата може да има позитивен ефект и врз изгледот на кожата.

„Алкохолот го намалува производството на антидиуретичен хормон, што предизвикува телото побрзо да губи вода и натриум“, објаснува оваа организација.

Како што наведуваат, намалената количина на вода во ткивата, што може да биде последица на редовното консумирање алкохол, негативно влијае на изгледот на кожата, правејќи ја помалку хидрирана, полна и здрава.

Иако брзината и интензитетот на промените се разликуваат од личност до личност, дури и привременото апстиненција од алкохол може да донесе бројни придобивки за телото.
The post Само еден месец без алкохол може да го промени вашето тело: Еве што се случува од ден на ден appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: